Вашата идеја
е наш нареден проект

4Д целосно виртуелни и интерактивни решенија

Што Нудиме?

Сите наши решенија се целосно виртуелни, уникатни - по желба и замисла на клиентот.
Што значи тоа?
Доволно е да имате само замисла или идеја за било кој ентериерен или екстериерен простор. Со помош на нашите решенија, Вие се здобивате со уникатен и по Ваша желба, виртуелен 3Д приказ на Вашите идеи. 
Споредено со долготрајниот процес на материјалната реалзација на Вашите визии, ние ви ја носиме иднината, речиси веднаш. Вашата замисла, со наша помош, се реализира во рок од неколку дена.

Концепт на проект

Ние се трудиме да овозможиме што поклвалитетна испорака, со што помалку труд и време вложено од Вас.

1

have_an_ideal_home

Го замислувате Вашиот нов дом

(или било кој друг простор)?​

2

discuss_your_solution

Споделете ги Вашите идеи со нас.

Овде Вашата работа е завршена.

3

make_your_solution

Ние ќе превземеме одовде.

Ги следиме сите Ваши барања, ги претвараме во виртуелна реалност и испорачуваме.

4

observe_your_solution

Ви честитаме!

Вашиот проект е подготвен за користење!
Eдноставно, само со помош на компјутер, таблет или смартфон.

Решенија

Tia - Целосно интерактивна тура

TIA (Tour Inter-Active ) е алатка за визуелно и интерактивно движење и координација во 3D простор, овозможувајќи му на корисникот реален поглед на кој било објект (недвижен имот), без разлика дали е во имагинарна фаза, која било фаза на изградба или е веќе завршен.
Алатката е едноставна за користење - преку употреба на стрелки од тастатура за движење во посакуваната насока (кое остава впечаток на одење), и придвижување на глувчето (mouse), за промена на видно поле (кое остава впечаток на мрдање на глава).

Ве молиме, за подетален приказ, погледнете го нашето видео.

Други Решенија

Хибридни интерактивни тури

Хибридните решенија кои ги нудиме во комбинација со корисничка интеракција, овозможуваат огромен избор и бенефит за Вашите клиенти (корисници). Освен комбинирање со предходните - 3Д рендери и 3Д анимации, со ова решение вам ви се овозможува дополнитлно комбинирање на одлики и опции, кои вклучуваат:

- Координирање во простор (пр. премини од ходник во кујна)
- Видно поле во 3Д (360 приказ на околината)
- Агол на набљудување (пр. екстериер - промена на набљудување од север према исток)
- Промена на спрат (пр. од 6ти на 8ми спрат)
- Физички акции (пр. отварање и затварање врата)
- Звучни акции (пр. промена на амбиентална музика)
- Филтрирање (пр. прикажи само невселени станови)
- Информациони прозори (пр. информации за изолација, тип на прозор, под, и други од интерес)
- Осветлување (пр. промена од дневно во ноќно осветлување)
- Ентериерни објекти (пр. замени аголна гарнитура со кауч)
- Материјали (пр. замени ламинат со паркет)
- Бои и сенки (пр. промена боја на ѕидови во плава)

demo-image

3D Анимации

Еден од најкористените и најпознати методи за визуелизација. Со ова решение, може да добиете добар поглед за внатрешноста и надворешноста на објект од интерес.
Со методите на walk-through или fly-through, преку 3Д анимациите, Вие добивате динамика и дополнителна претстава за објектот од интерес, ги истакнувате неговите карактеристики и предности.
Фотореалистични 3Д анимации се секогаш добредојдени и корисни за Вашите клиенти (корисници). 3Д анимациите се применливи за секој објект, и секогаш додаваат дополнителна вредност.
- Едноставно за користење со метода на видео.
- Можност за интеграција на постоечни веб-сајтови и социјални мрежи

3d Рендери

exterior
Екстериерен
Ентериерен
isometric
Изометриски
room_layout
Распоред на соби
objects_and_products
Предмети и продукти

Таргет Група

Нашите решенија се наменети за сите
компании и личности кои работат во областа на недвижности.

Инвеститори на недвижности

Продавачи на недвижности

Агенции за недвижности

Градежни компании

Студија за ентериер

Приватни недвижности

Производство на продукти

Зошто TIA?

1. Одлики

- Виртуелизација пред реализација.
- Реалистичен приказ.
- Транспарентност за клиенти и корисници.
- Корисничка интерактиввност.
- 3Д приказ на објекти.
- Комбинирање на решенија.
- Комбинирање на акции и опции.
- Можност за персонализирање и уредување.

2. Клиентски бенефити

- Решенија за реалистична виртуелна визуелизација и презентација.
- Можност за уредување, експериментирање и комбинирање на опциите на објектот од интерес.
- Уникатна и нова маркетинг алатка.
- Зголемена вредност на Вашиот бренд.
- Можност да се одделите од конкуренцијата.
- Нов извор на информации за Вашите клиенти (корисници).
- Зголемена клиентска доверба.
- Можност Вашите клиенти (корисници) да се запознаат со Вашите објекти.
- Нови клиенти.

3. Бројките не лажат

- Постои 130% зголемена шанса клиентите (коирисниците) на возраст од 18 до 34 години да купат или изнајмат место доколку постои виртуелна тура за истото.
- Клиентите (коирисниците) поминуваат од 5 до 10 пати повеќе време на сајтови кои нудат можност за виртуелна тура.
- 67% од луѓето сакаат повеќето бизнисите да нудат виртуелни тури.
- Има повеќе од 5 милиони посетители дневно на виртуелни тури (на светско ниво).
- Виртуелните тури двојно го зголемуваат интересот кај клиентите (коирисниците).

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ!

Имате уште прашања?
Ве молиме, слободно контактирајте не и споделете ги Вашите идеи и прашања.



    Следете не

    Претплатете се

    Контакт инфо

    Емаил: info@tia.com.mk
    Адреса: Митрополит Теодосиј Гологанов 116, 1000 Скопје
    Тел: +389 78 298 587

    Закажете демо



      mk_MKMK